Разбиена римска војска се враќа од Реџо Емилија

Сасуоло ја изненади Рома и ја декласира со 4:2, а особено доминантни домаќините беа во првото полувреме што го добија со 3:0.

Резултатот на крајот и не испадна толку лош за гостите, кои беа фаворити и беа апсолутно надиграни во Реџо Емилија.

Капуто со два гола во рок до 16. минута им донесе на домаќините експресна предност од 2:0, а кога и Филип Ѓуричиќ погоди во 26. минута беше јасно дека Рома тешко ќе си оди непоразена за Рим.

Един Џеко намали на 3:1 со стотиот негов гол во дресот на Рома, а потоа надеж за гостите донесе Верету со гол од пенал. Сепак Сасуоло покажа дека е одлична екипа и постигна уште еден гол преку Бога за печат на многу вредна победа.

Рома остана на четвртата позиција со 39 бода, но може да падне едно место подолу, ако Аталанта утре ја победи Џенова на домашен терен.

Сасуоло има 26 бода на 13. место.

- Оглас -

Најнови вести