Разиграниот Сасуоло може да му даде гол на Наполи

1801 Аугсбург – Хофенхајм (20.30 часот)

Ова е бундеслигашки дуел на двајца соседи на табелата, 13-тиот Аугсбург има два бода повеќе од Хофенхајм, кој е 14-ти. Аугсбург во последните пет кола игра во ритам пораз-победа, загуби во минатото коло, па ако продолжи со топло-ладно, сега на ред е победа. Баварскиот тим има само три ремија во 20 досегашни кола. Хофенхајм има серија од три порази по ред и во овие три кола прими вкупно 12 гола. Хофенхајм нема победа уште од 14 октомври.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.92)

 

3001 Сасуоло – Наполи (20.45 часот)

Сасуоло има по две победи и нерешени во последните четири кола, па сега е во попријатна ситуација околу опстанокот. Наполи безмилосно гази, има дури 15 бода предност пред вториот Интер, има најсилен напад и најмалку примени голови во Серија А, па на Сасуоло не му се пишува ништо добро. Есеноска во Неапол беше 4-0, а на последните седум нивни дуели во Реџо Емилија, двата тима давале гол.

Предлог тип: Х2 & ГГ (1.99)

 

1655 Мехелен – Генк (20.45 часот)

Мехелен е во криза, освои само бод во последните три кола, а Генк, кој е лидер на табелата во белгиската лига со шест бода предност во однос на вториот Ројан Унион, во минатото коло загуби, што беше негов трет пораз сезонава. Генк има дадено 60 гола на 25 меча, па логиката вели дека треба да победи. Мехелен во 2019 година последен пат победи против Генк.

Предлог тип: 2 (1.83)

 

1701 Оксер – Лион (21.00 часот)

Оксер е претпоследен на табелата, а одигра нерешено во претходните две кола. Лион е деветти и има серија од четири меча по ред без пораз. Последните четири меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со 3+ голови, летоска беше 2-1 за Лион, додека другите мечеви се играа пред една деценија, па и малку повеќе. Лион на гости нема пораз во календарската 2023 година.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.71)

 

1302 Жирона – Алмерија (21.00 часот)

Жирона има три порази во последните четири кола, а Алмерија губеше во последните два меча, па ниту на едните, ниту на другите им цутат розите. Жирона е 11-та, но има само два бода повеќе од Алмерија, која е 15-та. Домашните имаат проблеми со повредени играчи, но ќе имаат мотиви да се реваншираат за октомврискиот пораз од Алмерија од 2-3. Алмерија сезонава нема ниту една победа на гости.

Предлог тип: НГ & 0-2 (2.25)

- Оглас -

Најнови вести