Разновидна Евросонг понуда во Sport Life – погодете кој ќе биде последен, дали Тамара ќе биде меѓу најдобрите 10, пет или три…

Богата и разновидна понуда нудат обложувалниците Sport Life за еден настан кој не е спортски, туку музички, и привлекува внимание кај нашата јавност, бидејќи и Македонија има финалист. Се разбира, станува збор за Евросонгот во Тел Авив. Финалето е вечерва од 21 часот, и имате доволно време да размислите на што ќе типувате и да ви биде поинтересно гледањето и гласањето на крајот.

Нашите претставници досега никогаш не биле меѓу најдобрите 10 на еден избор за песна на Евровизија.

За победа на Тамара Тодевска, квотата е 100, што значи дека за уплата од 100 денари, би добиле 10.000 денари. Прв фаворит е Холандија со квота 1.65, пред Австралија со 6, и Шведска со 9. Најмали шанси ѝ се даваат на Германија, коефициентот е дури 300.

Освен тоа што можете да се обложите кој би победил, може да се обидете да погодите која земја ќе биде меѓу првите три. За пласман на Тамара на подиумот, квотата е 10. За место на Тамара во топ 5, квотата е 7, додека за место меѓу најдобрите 10, е 2.50.

Има игри да погодите која балканска земја ќе биде најдобропласирана. Тука фаворит е Грција, а потоа следува Македонија со 2.85. Доколку верувате дека Тамара ќе се најде пред претставниците на Грција, Србија, Албанија и Словенија, добивката ќе ви биде за 2,85 пати поголема од уплатата.

Доколку сакате да ги избегнете балканците, можете да се обидете кај нордиските четири земји. Шведска е фаворит да биде најдобра од тој дел на Европа, пред Исланд, Норвешка и Данска.

Во понудата има и да ја погодите најдобрата од петте големи земји кои се редовни учеснички и директно влегоа во финале без да учествуваат во полуфинале. Италија е фаворит пред Франција, Шпанија, Велика Британија и Германија.

Несекојдневна и интересна е понудата на Sport Life да погодите која земја ќе биде на последното место. Можеби за некого е полесно да погоди кој ќе биде победник, но Sport Life нуди да погодите која земја ќе собере најмалку поени. За аутсајдерот Германија, квотата дека ќе биде последна е 1.80. Ако мислите дека Македонија ќе го освои последното место, квотата е 50.

Доколку сте љубител на погодување „фиксови“ единица или двојка, тогаш ви предлагаме да ја играте играта дуели. Во понудата има 16 дуели, од кои во пет е Македонија. Македонија е фаворит во замислените дуели со Србија, Чешка, Кипар, Шпанија, па и Грција. Квотата дека нашата претставничка биде пред јужниот сосед, е 1.80.

- Оглас -

Најнови вести