Реакција од Атлетико: Оскарот за глума оди кај Каземиро (Видео)

Победата на Реал Мадрид на гостувањето кај Леванте предизвика многу реакции поради одлуката на судијата да досуди два пенали за гостите. Реал поведе со удар од белата точка откако по еден центаршут на Лука Модриќ, нашиот репрезентативец Енис Барди играше со рака во шеснаесетникот. Со помош на ВАР-системот и прегледување на ситуацијата, судијата досуди пенал, а сигурен реализатор беше Карим Бензема.

Во вториот дел Леванте израмни, но брзо потоа беше досуден нов пенал за Реал Мадрид. Тоа е моментот во кој за многумина Каземиро одиграл улога како за добивање „Оскар“. Судијата досуди пенал и не сакаше да ја гледа повторената снимка и да се консултира со ВАР-системот. Доколку арбитерот го направеше тоа, ќе видеше дека можеби греши.

https://twitter.com/mizzyceloZ/status/1099789079699488768

Откако сите ја видоа повторената снимка, први со реакција се јавија од Атлетико Мадрид. Градскиот ривал на Реал преку профилите на социјалните мрежи реши да го провоцира Кралскиот клуб. „Вечерва се одржува Оскар. Филм?“, стои на твитер-профилот на Атлетико Мадрид.

https://twitter.com/Atleti/status/1099804950333456385

 

- Оглас -

Најнови вести