Реакцијата на Дидие Дрогба по пеналот на Азар кажува сè (Видео)

Дидие Дрогба, кој неодамна ја заврши играчката кариера, ги стопли срцата на Челзи кои ја видоа снимката од синоќа на која се гледа како овој голгетер го прославуваше голот на Еден Азар во пенал-серијата, со којшто „сините“ се пласираа во финалето на Лигата на Европа.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска од 2004 до 2012 година и потоа во сезоната 2014/15 беше член на Челзи, даде вкупно 104 гола за „сините“, и покажа дека клубот му е во срцето.

Дрогба беше многу среќен и на Челзи му посака победа во финалето во Баку, во кое ќе се сретнат со лондонскиот ривал Арсенал.

Погледнете како славеше Дрогба:

- Оглас -

Најнови вести