Реакцијата на Онана по завршување на мечот во Истанбул покажува кој е главниот виновник што Манчестер не победи (Видео)

Манчестер јунајтед е пред елиминација во Лигата на шампионите откако синоќа одигра само 3:3 на гости кај Галатасарај. Англискиот тим водеше со 2:0 и 3:1, но на крајот мораше да се задоволи само со еден освоен бод.

Голманот Андре Онана е главниот виновник што Манчестер прими три гола и сите беа со шутеви од 20-тина метри. Два погодока даде Хаким Зијех од слободни удари, а и за двата виновник е Онана.

Веднаш по завршување на средбата, голманот на Манчестер јунајтед беше снимен како осамен седи на теренот и се нервира поради очајните одбрани.

И легендите на клубот се јавија со реакција по овој меч со Галатасарај.

„Голема штета затоа што претходната недела бранеше многу добро. Едноставно, во Лигата на шампиони е напатен. Веројатно му недостасува концентрација во вакви мечеви. Противниците веќе имаат повеќе самодоверба да шутираат бидејќи делува дека по секој шут може да прими гол“, рече Пол Сколс.

- Оглас -

Најнови вести