32.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Реал без болниот Модриќ на полуфиналето од Суперкупот

Реал Мадрид вечерва на дуелот со Мајорка од полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, нема да смета на услугите на легендата Лука Модриќ. Веста е изненадување бидејќи Хрватот вчера тренираше со тимот.

Највозрасниот играч на Реал кој даде два гола на двата меча во 2025 година, има вирусна инфекција, и не е во составот на Кралевите. Доколку Реал победи, Модриќ би требало да игра во финалето против Барселона кое е закажано за в недела вечер.

Модриќ немаше да биде стартер против Мајорка, но тој е прва резерва на Карло Анчелоти и речиси редовно влегува во игра во вторите полувремиња за да даде стабилност во играта.

- Оглас -

Најнови вести