Реал денеска играше и победи на новиот „Сантијаго Бернабеу“ (Видео)

Реал Мадрид денеска со голот на Џуд Белингам во судиското продолжение го совлада Хетафе со 2:1, а навивачите имаа причини за двојно задоволство ги бодреа своите гледачи од реновираниот „Сантијаго Бернабеу“.

Проектот за реновирање на стадионот чинеше повеќе од 400 милиони евра и траеше три години. „Сантијаго Бернабеу“ доби нов подвижен кров, огромни семафори, терен кој може да се прилагоди за разни спортови, од фудбал, преку кошарка до тенис.

Интересно е што во исто време може да се игра и кошарка и тенис на новиот „Сантијаго Бернабеу“.

Отворањето на новиот „Сантијаго Бернабеу“ го збогатија и дел од шпанските фудбалерки кои пред две недели триумфираа на Светското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести