Шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио, на стартот од летниот преоден рок, ќе потпише за францускиот шампион ПСЖ, објави „Атлетик“.
„Атлетик“ пишува дека откако пропаднале преговорите со актуелниот клуб, Реал Мадрид, Асенсио ја прифатил понудата на ПСЖ и на стартот од преодниот рок ќе потпише четиригодишен договор.
Шпанецот на „Паркот на принцевите“ ќе пристигне како слободен играч и ќе има годишна плата од 10 милиони евра.
Сериозен интерес за Асенсио, пројави и Астон Вила, но желбата на Шпанецот да игра во Лигата на шампионите беше пресудна да ја прифати понудата на ПСЖ.
Марко Асенсио во Реал Мадрид пристигна во 2014 година и со Кралевите освои 17 трофеи во сите натпреварувања, а сезонава одигра 50 натпревари притоа постигнувајќи 12 гола.