Реал фати победнички ритам, го освои и Берлин и сега е сам на врвот во Евролигата (Видео)

Реал Мадрид ја победи АЛБА во Берлин со 84:77 во меч од 19-тото коло во Евролигата и сега е осамен лидер во најквалитетната кошаркарска лига во Европа.

Кралевите ја добија првата четвртина со 25:12, единствена во која имаа позитива, што им беше доволно за 13-тата победа во Евролигата.

Џанан Муса со 15 поени беше најефикасниот кошаркар на гостите, а Козер и Хезоња помогнаа со по 11 поени.

Смит од АЛБА беше најефикасен на мечот со 22 поени, но тоа не беше доволно за подвиг на германскиот тим.

Важна победа на гости забележа Олимпијакос против Виртус во Болоња со 85:83, а претходно Фенербахче го надигра Баерн со 79:71 и Црвена ѕвезда го декласира Монако со 92:68.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести