Реал го освои Сан Себастијан, но го загуби најдобриот стрелец (Видео)

Реал Мадрид го доби дербито во Ла Лига против Реал Сосиедад, но победата од 2:0 ја подрасипа повредата на најдобриот стрелец Карим Бензема.

Францускиот ас се повреди во 17. минута и најавено е дека нема да игра против Интер во Лигата на шампионите во вторник.

Се уште не се знае тежината на повредата на топ-голгетерот во Ла Лига, а добро за Реал е што и без него успеа да победи во Сан Себастијан.

Винисиус јуниор продолжи да блеска, а одличен беше и Лука Јовиќ, кој го замени Бензема.

Токму по асистенцијата на Јовиќ, Винисиус јуниор постигна гол во 47. минута, десетти за него сезонава во Ла Лига.

https://twitter.com/vinaldojr7/status/1467246118065082368?s=20

Десет минути подоцна Каземиро асистираше, а токму Јовиќ беше стрелец за победа од 2:0.

Реал Сосиедад за првпат загуби сезонава на свој терен, а имењакот од Мадрид се зацврсти на врвот на табелата со 39 бода, 8 повеќе од вторпласираната Севилја.

Реал Сосиедад има 29 бода по 16 кола на петтото место на табелата во Ла Лига.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести