Реал и Баерн ќе се борат за финалето во ЛШ, а управите си договорија размена на играчи?!

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе играат меѓу себе во полуфиналето од Лигата на шампионите. Првиот дуел ќе се игра следниот вторник, а управите на двата тима веќе си договорија размена на играчи.

Според шпанските медиуми, челниците на двата тима наводно се договориле налето да ги разменат своите дефанзивци. Алфонсо Дејвис ќе го облече Кралскиот дрес, додека на „Алијанц арената“ во Минхен ќе пристигне Ферлан Менди.

И двајцата фудбалери имаат договори со своите екипи до 2025 година, но и Дејвис и Менди не се расположени да потпишат нови договори, па поради тоа управите се договорија да ги разменат играчите.

Алфонсо Дејвис одбива да потпише нов договор со Баерн Минхен и според медиумите, тој сака кариерата да ја продолжи токму во Реал Мадрид.

Од друга страна, Менди не добива многу шанси од Карло Анчелоти иако на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна од Олимпик Лион во трансфер тежок 48 милиони евра. Тој сезонава само на 19 натпревари се најде во првиот тим на Реал и поради тоа сака да оди во клуб во кој редовно ќе игра.

- Оглас -

Најнови вести