Реал и Челзи не губат кога им суди арбитарот кој не призна чист гол на Роналдо во Белград

Холандскиот судија Дани Макели ќе ја дели правдата меѓу Реал и Челзи во првото полуфинале од Лигата на шампионите кое во вторник ќе се одржи во Мадрид. Шпанскиот и англискиот гигант досега не знаат за пораз во меч во кој Макели им делел правда.

Холанѓанецот судеше во возвратното четвртфинале меѓу Реал и Аталанта кое Кралевите го добија со 3-1, а при тоа досуди пенал во корист на тимот предовден од Зидан.

На Сините им судеше во два наврати, во 2014 во победата од 6-0 над Марибор во групната фаза од ЛШ, како и во 2017 година во ремито од 1-1 против Атлетико Мадрид исто така во групната фазата од најетлиното континентално натпреварување. Токму во првиот споменат меч, Макели додели два пенали за Челзи против словенечкиот тим, а инаку е познат по тоа што не толку често користи картони кога во прашање се дуели на Реал и Челзи.

Инаку, Макели ја делеше правдата меѓу Србија и Португалија во претходните мундијалски квалификации, кога неговата одлука го оштети европскиот првак со непризнаен регуларен гол на Крисијатно Роналдо со кој Португалците ќе победеа со 3-2.

 

- Оглас -

Најнови вести