Реал има добар план – Формулата 90+20 ќе го донесе норвешкото чудо во Мадрид

Ерлинг Халанд ќе игра за Реал Мадрид од ова лето, пишува шпанскиот медиум „АБЦ“, а сумата што ќе и ја плати на Борусија Дортмунд ќе биде 110 милиони евра, според формула 90+20.

Кралскиот клуб ќе уплати 90 милиони евра во касата на Борусија и ќе се обврзе со договор за уште 20 милиони евра на основа на разни бонуси.

Реал има можност и да почека до 2022 година, кога на Халанд му истекува договорот со Милионерите и може да си замине во клуб што ќе ја плати отштетата од 70 милиони евра.

Сепак најтрофејниот европски клуб има поинаков план и сака да го донесе Халанд на „Сантијаго Бернабеу“ веќе ова лето.

„АБЦ“ се повикува и на информации кои велат дека Борусија има финансиски проблеми и нема да може да ја одбие понудата на Реал Мадрид, освен ако нема друг клуб што ќе понуди повеќе пари за еден од најперспективните млади играчи и напаѓачи на светот.

 

- Оглас -

Најнови вести