Реал ќе направи исклучок од своето правило за да го задржи Тибо Куртоа

Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со голманот Тибо Куртоа до 2028 година. Според шпанскиот извор „Релево“, 32-годишниот белгиски репрезентативец добил понуда за продолжување на неговиот актуелен договор за уште две сезони.

Реал Мадрид го смета Куртоа за најдобрата опција за голманската позиција, па затоа Кралевите се подготвени да направат исклучок од непишаното правило на „Сантијаго Бернабеу“, според кое договорите со фудбалери постари од 30 години се продолжуваат најмногу за една сезона.

Договорот сè уште не е официјално потпишан, но двете страни веќе некое време водат преговори.

Куртоа му се приклучи на Реал Мадрид во 2018 година, а во 2021 потпиша петгодишен договор. Досега има одиграно 308 натпревари за Кралевите во Ла Лига и 60 меча во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести