Реал 19 години чека одмазда против овој ривал во ЛШ, ако има реприза од 2006, Барселона ќе биде првак

Само уште осум екипи останаа во трка за најпрестижниот клупски трофеј во Европа, тој во Лига на шампиони. Во четвртфиналето се пласираа елитни клубови од Топ 5 лигите кои или биле европски прваци или играле во големото финале. По два преставници имаат Англија, Шпанија и Германија, а еден тим имаат Франција и Италија.

Интересни се четвртфиналните пресметки, а два меча се посебно во фокусот. Баерн Минхен и Интер ќе играат меѓусебе, а тоа се клубовите кои играа во финалето од ЛШ во 2010 година.

Второто супер дерби е меѓу Реал Мадрид и Арсенал. Овие два тима последен пат играа во 2006 година. Тогаш во осминафиналето, Арсенал победи дома со 1:0, а на гости во Мадрид одигра без голови и Топчиите се пласираа во следната фаза. Таа сезона Арсенал играше и во финалето на ЛШ, но загуби од Барселона.

Интересно е дека и оваа сезона победникот од двомечот меѓу Реал и Арсенал, против Барселона може да се сретнат евентуално само во финалето на ЛШ.

Барселона во четвртфиналето сега ќе игра против Борусија Дортмунд, а последното четвртфинале е меѓу ПСЖ и Астон вила.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ПРВИ МЕЧЕВИ

8 АПРИЛ

Аресенал – Реал Мадрид

Интер – Баерн Минхен

9 АПРИЛ

ПСЖ – Астон Вила

Барселона – Дортмунд

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – РЕВАНШИ

15 АПРИЛ

Астон Вила – ПСЖ

Дортмунд – Барселона

16 АПРИЛ

Реал Мадрид – Арсенал

Баерн Минхен – Интер

*Сите натпревари се играат од 21 часот

- Оглас -

Најнови вести