Реал Мадрид без 7-8 фудбалери на гостувањето кај Бетис

Кадровските проблеми кои ги има Сантијаго Солари околу составувањето на екипата за гостувањето во Севилја кај Бетис в недела вечер го достигнаа максимумот. На денешниот тренинг на Реал недостасуваа дури 8 фудбалери, од кои седуммина сигурно нема да играат со Бетис.

Во болницата на Реал се: Тибо Куртуа, Герет Бејл, Марко Асенсио, Маркос Љоренте, Тони Крос и Маријано Дијас. Ниту еден од нив нема да игра со Бетис, а на располагање нема да биде ниту Лукас Васкес, кој е суспендиран откако во минатото коло доби црвен картон.

Неизвесен е настапот на младиот Винисиус, кој е во добра форма. Бразилецот има грип и не тренираше денеска. Доколку до утре не му се подобри состојбата, и тој нема да може да игра, па тренерот Солари нема да може многу да комбинира со составот, туку ќе мора да го користи само тоа што ќе го има на распoлагање.

- Оглас -

Најнови вести