Реал Мадрид и Арсенал постигнаа договор

Младиот Мартин Одегард кариерата ќе ја продолжи во Арсенал. Одегард, кој е играч на Реал Мадрид, вчера имал посебен индивидуален тренинг, а се чека денеска да отпатува во Лондон.

Норвежанецот веќе подолго време е во преговори со Арсенал и договорил да остане меѓу Топчиите, каде што ги помина последните шест месеци, но како позајмен играч. Во Арсенал, речиси сигурно е дека Одегард ќе добие многу поголема минутажа од тоа што би го играл во Реал Мадрид.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, игра во формација 4-2-3-1, во која Одегард би добил слобода во играта. Реал барал 40 милиони евра за реализација на овој трансфер, а Топчиите барале сумата да биде намалена. Најавите се дека двата клуба сепак имаат постигнато договор и дека Одегард може да биде регистриран дури и за неделниот меч од Премиер лигата против Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести