Реал Мадрид и Барселона се убедливо најпопуларни на светот

Реал Мадрид е светски шампион според популарноста на социјалните мрежи, „кралскиот клуб“ има најмногу следбеници на Твитер, Фејсбук и Инстаграм. Вкупната бројка е 223.888.433, од кои над 110 милиони се на Фејсбук. Овој клуб големо внимание посветува на маркетингот и промоцијата низ целиот свет.

Второто место го држи Барселона со 213.614.164 следбеници на овие три социјални мрежи. И Барса има над 100 милиони следбеници на Фејсбук. Трети е Манчестер јунајтед со речиси 126 милиони, и тука завршува листата на клубови со над 100 милиони.

Во топ 10 се и Челзи, Јувентус, Баерн, ПСЖ, Ливерпул, Арсенал и Манчестер сити. На 11-то место е кошаркарскиот клуб Лос Анџелес лејкерс со 39,7 милиони следбеници. Во топ 30 има четири тима од Индија, а никаде ги нема Кинезите. Причина е што таму имаат нивни социјални мрежи и не ги користат оние што се најзастапени во остатокот од светот.

- Оглас -

Најнови вести