Реал Мадрид и Јувентус се елиминирани од тимови кои немаат титула во ЛШ! (Видео)

Јалова беше победата на Јувентус против Олимпик Лион од 2:1, затоа што тоа на крајот не беше доволно италијанскиот првак да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Лион на првиот меч победи со 1:0, па благодарение на погодокот даден на гости, Французите се тие кои се радуваат по конечните 2:2 во 180 минути игра на овие два тима.

Мемфис Депај е херојот на Лион во Торино. Голгетерот погоди од пенал по само 12 минути игра и го доведе својот тим во водство од 1:0. Тој погодок на крајот се покажа и како златен, иако Јувентус до крајот на дуелот успеа да даде два гола. Кристијано Роналдо погоди од пенал во 43 минута за 1:1, а Португалецот даде и еврогол во 60 минута за 2:1. Сепак, Старата дама не успеа до крајот да постигне и трет погодок за да оди во четвртфиналето.

Реал Мадрид за прв пат под водство на Зинедин Зидан доживеа елиминација во ЛШ. Францускиот стратег ги предводеше Кралевите до три титули во елитната лига на УЕФА, но сезонава не успеа да ја продолжи перфектната низа. Манчестер сити застана на патот на Реал, откако во двата меча успеа да биде подобар од најтрофејниот клуб во елитното натпреварување.

Сити победи во Мадрид со 2:1, а со истиот резултат славеше и вечерва во Манчестер. Најзаслужен за победата на Сити е дефанзивецот на Реал, Рафаел Варан. Искусниот бек имаше две катастрофални грешки кои домаќините не простија да ги казнат.

Стерлинг и Габриел Жезус погодија за Сити, а погодокот на Карим Бензема беше само надеж која на крајот згасна.

 

- Оглас -

Најнови вести