Реал и Јувентус примија голови уште на стартот, сега имаат невозможна мисија во ЛШ (Видео)

Манчестер сити води со 1:0 против Реал Мадрид, Олимпик  по само 10 минути од стартот на реванш мечот во осминафиналето во Лигата на шампиони. Граѓаните до водство стигнаа благодарение на големата грешка што ја направи гостинскиот дефанзивец Варан кој ја загуби топката пред шеснаесетникот, а Габриел Жезус асистираше за погодок на Стерлинг.

Ако се знае дека Сити победи со 2:1 и на првиот меч во Мадрид, јасно е дека Реал сега ќе мора да даде барем два гола, ако сака да стигне до продолженија.

https://youtu.be/IlZ98xCdTPY

И Олимпик Лион ја зголеми предноста против Јувентус. Францускиот тим имаше предност од 1:0 по првиот меч, а сега на реваншот во Торино со голот на Депај од пенал, има водство од 1:0. Тоа значи дека Старата дама до крајот мора да даде барем три гола, ако сака да се надева на место во четвртфиналето од елитното натпреварување на УЕФА.

https://youtu.be/AsShK4sE68c

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести