Тенисерот Карлос Алкарас ја освои престижната награда „Лауреус“ за спортист на годината. Наградата му беше врачена на 22-годишниот Алкараз на церемонија што се одржа во Мадрид.
Други номинирани за наградата беа Јаник Синер (тенис, Италија), Арманд Дуплантис (атлетика, Шведска), Тадеј Погачар (велосипедизам, Словенија), Марк Маркез (мотоциклизам, Шпанија) и Усман Дембеле (фудбал, Франција).
Во 2025 година, Алкараз ги освои гренслемите „Ролан Гарос“ и Отвореното првенство на САД, а сезоната ја заврши на првото место на светската ранг-листа.
Сепак Карлитос ги загрижи своите фанови бидејќи уште има лонгета на раката и изјави дека не знае дали ќе игра на „Ролан Гарос“ кој почнува на 24-ти мај. Ако се процени дека играњето носи ризик за поголеми проблеми во иднина, нема да настапи.

Алкарас е прв Шпанец по Рафаел Надал од 2021 кој ја добил „Лауреус“.
Спортистика на годината е тенисерката Арина Сабаленка. Награди добија и Рори Мекилрој (камбек на годината), Тони Крос (спортска инспирација), ПСЖ (тим на годината), Ламин Јамал (најдобар млад спортист), Ландо Норис (пробив на годината), Габриел Араухо (спортист со физички хендикеп), Надја Команечи (за животно дело).

