Реал Мадрид ќе игра во Уеска првпат после 20.713 дена

Пресметката на Уеска и Реал Мадрид од шпанската Примера предизвикива внимание, затоа што тоа е прв меѓусебен дуел на овие клубови од 25 март 1963 година наваму.

Реал и тогашниот третолигаш одиграа пријателски меч (Реал победи со 2:0), и чекаа дури 56 години, 8 месеци и 10 дена, или точно 20.713 дена за повторно да се најдат еден против друг, овојпат во официјален натпревар. Тогаш играа на стариот стадион „Сан Хорхе“, па Реал првпат ќе има прилика да гостува на „Ел Алкорас“.

Во пресрет на гостувањето кое мора да го добие, Реал има проблеми околу составот, особено на позицијата лев бек. Марсело и Регилон се повредени и нема да играат, а повредени се и Крос и Маријано. Во отсуство на Марсело и Регилон, Карвахал ќе треба да игра на неприродна за него позиција лев бек, а десен бек ќе биде Одриосола.

Герет Бејл цели 100 дена нема постигнато гол во шпанската лига, а предизвик има и за голманот Тибо Куртоа кој влегува во посакуваната форма. Реал прима гол на секое гостување од март наваму.

- Оглас -

Најнови вести