Реал Мадрид ќе мора без Белингам против Барселона?!

Џуд Белингам во вторникот влезе во историјата на Реал Мадрид како втор фудбалер кому му успеало да постигне гол на првите три натпревари во Лигата на шампионите откако пристигнал во клубот.

Таков подвиг не им успеал ниту на Раул, Кристијано Роналдо, Бензема, Бразилецот Роналдо…, а единствениот кој успеал да се запише во листата со стрелците на првите три натпревари за Реал е Кристијан Карембу во 1998 минута.

Сепак, мечот против Брага предизвика и паника кај Кралскиот клуб бидејќи Белингам заработи повреда која се чини дека не е наивна и тој веројатно ќе го пропушти дерби-дуелот против Барселона. Денес ќе бидат извршени дополнителни тестови и ќе биде познато дали моментално најдобриот фудбалер и стрелец на Реал Мадрид ќе може да настапи на Ел Класико во недела.

- Оглас -

Најнови вести