Реал Мадрид му го раскина договорот на тренерот Матео

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид и Чус Матео ја раскинаа соработката и Матео веќе не е тренер на мадридскиот тим.

Матео три сезони го водеше Реал и освои шест трофеи од кој еден во Евролигата во 2023 година.

Реал неодамна ја освои титулата во шпанската лига, но потфрлија во Евролигата и клубот сметаше дека на тимот му е потребна промена на насоката. Минатото лето беа направени лоши промени во составот, не се донесоа соодветни замени за ѕвездите кои заминаа и тоа придонесе за послаби резултати.

Нов директор на кошаркарската секција на Реал е Серхио „Чачо“ Родригез, а се шпекулира дека нов тренер на Кралскиот клуб ќе биде долгогодишниот шпански селектор, Италијанецот Серџо Скариоло. Тој веќе го има водено Реал, од 1999 до 2002 година.

- Оглас -

Најнови вести