14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Реал Мадрид на чекор да израмни клупски рекорд стар 55 години

Реал Мадрид во претпоследното коло ги реши сите дилеми и се израдува на шампионскиот пехар во шпанското првенство. По враќањето на фудбалот во екот на Коронавирусот, Реал успеа да победи на сите 10 натпревари во шампионатот и ја остави Барселона зад себе.

Кралскиот клуб има мотив да игра во висок ритам и во последното коло на гостувањето кај Леганес. Доколку мадридскиот гигант успее да ја сочува својата мрежа незатресена, тогаш ќе го израмни рекордот по најмалку примени голови во просек на меч.

Во далечната 1964/65 сезона, Реал прими само 16 голови во 30 натпревари (тогаш се играле 30 меча во една сезона), пто значи дека во просек примал по 0,6 погодоци на меч. Ако во последното коо против Леганес успее да не прими гол, тогаш Реал ќе ја заврши сезоната со 23 примени гола во 38 меча, односно тоа ќе биде повторување на просекот од 0,6 примени погодоци на меч.

 

- Оглас -

Најнови вести