23.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Реал Мадрид налето планира да се ослободи од фудбалерот кој вреди 100 милиони евра

Офанзивецот на Реал Мадрид, Родриго, најверојатно налето ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ откако во клубот воопшто не се задоволни од неговите игри оваа сезона, а ова посебно се однесува на последните натпревари.

Бразилецот оваа сезона одигра вкупно 30 натпревар за Кралевите со ефект само од четири гола, а моменталната вредност му изнесува 100 милиони евра.

Раководството на Реал Мадрид сега чека понуди за него од заинтересираните екипи, а планот е да го ослободат само ако некоја екипа понуди најмалку колку што изнесува неговата пазарна вредност, односно 100 милиони евра. Во моментов нема информации дали некоја екипа е подготвена да ја плати оваа сума или приближно толку.

- Оглас -

Најнови вести