1168 Ливерпул – Сандерленд (21:15 ч.)
Пред почеток на првенството тешко можеше да се поверува дека кога Ливерпул на „Енфилд роуд“ ќе го пречека Сандерленд, актулениот првак ќе биде во подредена положба во однос на гостинот.
Сандерленд има 22 бода, а Ливерпул 21, но секако дека Црвените се големи фаворити на свој терен. Традицијата вели дека во последните 10 средби на овие ривали, Ливерпул има шест победи, а четирипати било нерешено, а најчесто тоа биле дуели со повеќе погодоци.
Предлог тип: 1&2-4 (2.18)
1167 Лидс – Челзи (21:15 ч.)
Челзи е полн со самодоверба пред ова гостување кај Лидс, кој е во криза и нареди четири порази по ред, па затоа сега е и во зоната за испаѓање. Со 25 примени гола, Лидс ја има третата најслаба дефанзивна линија.
На четири од последните осум средби меѓу овие ривали имало барем четири погодоци, што е најава за возбудлива пресметка.
Предлог тип: ГГ3+ (2.21)
1310 Атлетик Билбао – Реал Мадрид (19 ч.)
Гостувањето во Баскија секогаш е „жешко“ за Кралскиот клуб, но тоа претставува и дополнителен мотив. За Реал Мадрид ова е четврто гостување по ред во домашното првенство, а во претходните три имаше три нерешени, што, секако, создава и дополнителен притисок за шпанскиот гигант.
Традицијата вели дека на осум од последните 11 средби на овие ривали немало повеќе од два гола.
Предлог тип: 2&0-3 (2.85)
1158 Брајтон – Астон вила (20:30 ч.)
Одлично играат двата тима кои не случајно се во Топ 5 на табелата. Брајтон сезонава дома има четири победи и две нерешени, а Астон вила на гости е познат како тим кој игра многу дефанзивно, па во шест меча има гол-разлика од пет дадени и шест примени гола.
Астон вила е во одлична форма и има седум победи во последните осум кола, па ќе биде вистински предизвик да продолжат во ист ритам.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.02)
3034 Интер – Венеција (21 ч.)
Меч од осминафиналето на Купот на Италија на кој сè освен победа на домаќините ќе биде чудо. Венеција игра добро и има четири победи во последните пет меча, но факт е дека се работи за второлигашка екипа.
Интер не е баш во добар ритам, па триумф над Венеција добро ќе дојде и за враќање на самодовербата.
Предлог тип: 1-1&2+ (1.55)

