Атлетик Билбао со 2:1 го победи Реал Мадрид во шпанското првенство и покажа зошто овој тим е во одлична форма и моментално е на четвртото место на табелата. Со оваа победа Атлетик стигна до 29 бода, а Реал остана втор со 33 бода. Лидер е Барселона со 37 бода.
По првото полувреме немаше голови, но вториот дел беше полн со возбудувања. Во 53-тата минута Беренгуер погоди за голема радост на домашните фанови и водство на Атлетик од 1:0. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Реал имаше шанса брзо да израмни кога беше досуден пенал, но шутот на Килијан Мбапе го одбрани домашниот голман.
🚨🧤 Julen Agirrezabala saves Kylian Mbappe’s penalty! (@LaLigaEN) pic.twitter.com/q8NdoP83IR
— EuroFoot (@eurofootcom) December 4, 2024
Реал израми со голот на Џуд Белингам, кому не му беше тешко од близина да погоди по одбиената топката на голманот по шутот на Мбапе. Овој погодок на Реал може да го видите ТУКА.
Кралскиот клуб потоа имаше и шанса за втор погодок, но откако не ја искористи, се случи киксот на Валверде, кој загуби една топка пред својот гол, а Гурусет, кој во игра влезе во второто полувреме, погоди за 2:1 за Атлетик Билбао во 82-рата минута.