Реал Мадрид одби 100 милиони евра од Саудиска Арабија за Милитао

Реал Мадрид доби и одби понуда од 100.000.000 евра од клуб од Саудиска Арабија за трансфер на Едер Милитао.

Бразилскиот стопер на европскиот и шпанскиот шампион пропушти голем дел од минатата сезона поради повреда на предните вкрстени лигаменти. На крајот од сезоната се врати на теренот, а во Реал не размислуваат за негова продажба, особено по заминувањето на искусниот Начо во Саудиска Арабија.

Милитао во средата одигра 90 минути во натпреварот од УЕФА Суперкупот против Аталанта (2:0), помагајќи му на Реал да го освои првиот трофеј во сезоната.

Тој има договор со клубот до 30 јуни 2028 година, а досега има одиграно 156 натпревари и има освоено 11 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести