Реал Мадрид сериозно размислува да отстапи од шпанската лига

Неколку дена по контроверзното финале во шпанскиот Куп, во кое Барселона со помош на судиите го совлада Реал Мадрид, од таборот на „кралевите“ започнаа процес на отстапување од АЦБ-лигата. Реал веќе ангажира адвокатски тим со цел да се проценат последиците од напуштање на шпанското првенство, додека посебна адвокатска фирма ќе се бави со пресметување на финансиската загуба доколку ја донесат оваа одлука.

Актуелниот европски шампион не би имал проблеми со Евролигата доколку го направи овој потег, со оглед на тоа дека е меѓу клубовите кои имаат десетгодишни договори за учество во континенталниот шампионат.

Во следните три до четири недели ќе завршат сите пресметки, но конечна одлука ќе се донесе со согласност на членовите на Лигата. Доколку се соберат доволно гласови, Реал ќе може да отстапи од АЦБ-лигата уште по крајот на оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести