31.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Реал Мадрид со видео му се заблагодари на најтрофејниот фудбалер во клупската историја (Видео)

Лука Модриќ со порака на социјалните мрежи објави дека по 13 години си заминува од Реал Мадрид, а во сабота ќе го одигра и последниот меч на „Сантијаго Бернабеу“. Веднаш следуваше и објава од Кралскиот клуб, од каде што напишаа: „Ти благодариме Лука“, а потоа споделија и седумминутно видео од настапите и успесите на Хрватот во дресот на Реал Мадрид. Модриќ си заминува од Мадрид како најтрофеен фудбалер во историјата на клубот со 28 титули во сите конкуренции.

- Оглас -

Најнови вести