Реал Мадрид во голманот Куртоа има опасен изведувач за слободни удари (Видео)
Куртоа шутира во стилот на Чилаверт, барем на тренинзи.

Реал Мадрид од 21 часот во Малага игра полуфинале од шпанскиот Суперкуп против Атлетик Билбао, а на еден од последните тренинзи на Кралскиот клуб, голманот Тибо Куртоа покажа дека не е само добар меѓу стативите, туку знае да биде опасен и од слободни удари. Тој од далечина упати неколку прецизни шутеви и покажа дека можеби на некој меч треба да добие шанса и да изведе слободен удар.
Бразилецот Рожерио Сени и Парагваецот Хозе Луис Чилаверт се најпознатите голмани кои давале многу голови од слободни удари, можеби Белгиецот Куртоа кога би добил шанса, може да биде како нив и освен за одбраните, во иднина да се зборува и за негови голови.
https://twitter.com/i/status/1349701106939650048