Реал не се предава, Јувентус мора да даде уште два гола (Видео)

На двата меча во Лигата на шампиони кои се играат вечерва, резултатот по првите 45 минути е 1:1. Тоа се резултати кои даваат најава за интересни 45 минути во вториот дел.

Манчестер сити поведе со голот на Рахим Стерлинг по големата грешка на Рафаел Варан. Реал не се предаде и преку Карим Бензема израмни на 1:1. Резултатот од првиот меч на овие два тима беше 2:1 за Сити, што значи дека Реал Мадрид треба да даде барем уште еден гол ако сака да се надева на продолженија и пласман во четвртфиналето.

https://youtu.be/auaTag57PJw

Јувентус ќе има тешка задача во Торино против Лион. Гостите од Франција поведоа по 12 минути кога Депај погоди од пенал. Ако се знае дека Лион победи со 1:0 на првиот меч, тоа значеше дека Јувентус мораше да брка три гола. Кристијано Роналдо од пенал во 43 минута израмни на 1:1 и сега италијанскиот гигант мора да даде барем уште два гола за да се пласира во четвртфиналето.

Во првото полувреме одлична шанса за гол имаше и Бернардески, но неговиот соло продор заврши на неверојатен начин за жал на домаќините.

https://youtu.be/AlrILTSGdlM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести