Бернардески можеше да даде гол што долго ќе се раскажуваше, но… (Видео)

Федерико Бернардески ја имаше најголемата шанса за погодок на Јувентус во дуелот против Лион, но топката не влезе во голот. Играчот на Јувентус продре по страничкиот дел и успеа да го исфрли противникот, иако топката беше покрај аут линијата.

На иста финта, Бернардески го „излажа“ и голманот на гостите и едноставно пред себе имаше празен гол. Сепак, токму во моментот кога требаше да ја погоди празната мрежа, реагираше Марсело, кој го блокираше ударот на играчот на Јувентус и топката заврши во корнер.

По 30 минути на дуелот во Торино, Лион има водство од 1:0 против фаворизираниот Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести