Реал не успеа да го доведе Мбапе, но има уште еден голем адут

Надежите на Реал Мадрид дека ќе успее да го доведе Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен завршија вчера, кога францускиот првак објави дека нивниот најдобар играч останува во клубот до 2025 година. Мбапе имаше договор кој му истекува на крајот од оваа сезона и слободно самиот можеше да одбере каде ќе ја продолжи кариерата. Голгетерот на крајот одлучи да остане верен на Светците и ги разочара фановите на Реал Мадрид.

Сепак, спроед пишувањата, Кралскиот клуб има уште еден адут во обидот да донесе квалитетно засилување во летниот преоден рок. Се работи за Ријад Марез, фудбалерот на Манчестер сити кој има уште една година од договорот со Граѓаните.

Марез игра одлично, а најавите се дека Сити е подготвен да го продаде фудбалерот, доколку Реал Мадрид се согласи да плати 40 милиони евра оштета. Репрезентативецот на Алжир оваа сезона одигра 46 меча во сите натпреварувања и постигна 24 погодоци, а имаше и девет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести