Реал објави уникатно видео – Шиење во живо, Крос ќе заплачеше за Рудигер, Модриќ налета во незгоден момент (Видео)

Реал Мадрид објави видео на социјалните мрежи од итната медицинска интервенција над Антонио Рудигер, кој беше сошиен дури со 20 конци во соблекувалната веднаш по мечот со Шахтар во Лигата на шампионите.

Популарниот Тони беше стрелец на израмнувачкиот гол за Реал во 95-тата минута, но притоа настрада во дуелот со голманот на Шахтар, Анатоли Трубин.

Имаше видлива и незгодна повреда на лицето и веднаш беше однесен во соблекувалната на шиење.

Реал објави видео од комплетната ситуација и санирањето на повредата на лицето на Рудигер од страна на лекарскиот тим, а имаше интересни реакции.

Давид Алаба дојде и го бакна Рудигер за да издржи при шиењето со 20 конци, а неговиот сонародник Тони Крос за малку и ќе заплачеше.

Во целата ситуација во незгоден момент налета Лука Модриќ, кога Рудигер офкаше од болка, а комплетната снимка што е уникатна и прва ваква по повреда на спортист можете да ја погледнете подолу во текстот.

https://twitter.com/realmadrid/status/1580288051816849409?s=20&t=JKrQWmMsOAdcosEvRVocaQ

Добро е за Рудигер што нема скршеница на ниту една коска на лицето и дури е најавено дека Германецот ќе може да играа во вечното шпанско дерби со Барселона овој викенд.

Популарното Ел Класико ќе се игра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, во недела на 16 октомври, во 16.15 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести