Реал подготвува изненадувачки трансфер, Перес помош бара и од Белингам

Трансферот на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид е завршена работа, а налето на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне и младиот Ендрик од Бразил. Сепак, плановите за засилувања во нападот на Флорентино Перес не застануваат тука.

На големо изненадување на сите познавачи, следната цел на Реал Мадрид ќе биде Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед. Ова доаѓа откако Црвените ѓаволи се заинтересирани за Родриго, а Перес бара високи 150 милиони евра за него. Сепак, претседателот на Реал Мадрид нема ништо против доколку Рашфорд дојде како дел од трампата, но Манчестер јунајтед секако ќе треба да доплати за Родриго.

Флорентино Перес толку се загреал за репрезентативецот на Англија, што дури побарал помош и од Џуд Белингам да го убедува неговиот соиграч од националниот тим да се пресели во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести