Реал промашува, Халанд казни (Видео)

Ерлинг Халанд со 48-миот својот гол на 48-миот настап во Лигата на шампионите и прв против најтрофејниот европски клуб, му донесе водство на Манчестер сити од 1-0 против Реал Мадрид во дербито од плејофот за осминафинале.

Кралскиот клуб беше опасен, Менди и Мбапе имаа по една убава шанса, Винисиус погоди пречка, изнуди и пенал кој не беше досуден поради претходен офсајд, но Сити казни жестоко и води со 1-0.

Во ВАР собата долго се гледаше дали Халанд бил во недозволена позиција, на крај голот беше признат.

- Оглас -

Најнови вести