Реал против Шахтар без Бензема, шанса добива Јовиќ

Отсуството на Карим Бензема за првпат сезонава од почетниот состав на Реал Мадрид за мечот со Шахтар е изненадување, но со ова тренерот Зинедин Зидан покажа дека во мислите му е и дербито против Барселона в сабота, па му дава одмор на својот прв напаѓач.

Секако ова не значи дека Бензема нема да игра, можеби ќе влезе, но меѓу стартерите е ставен Лука Јовиќ, кој во кариерата има дадено гол против Шахтар и посакуваше да игра, па доби шанса.

Реал го пречекува украинскиот тим со Куртоа на голот, во одбраната се Марсело, Менди, Варан и Милитао, средниот ред го сочинуваат Каземиро, Валверде и Модриќ, а напред се Асенсио, Родриго и Јовиќ. Со оставањето на Бензема, Крос и Винисиус на клупа, јасно е дека Зидан сака да ги поштеди за тие да бидат во топ-форма на Ел Класико против Барса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести