Реал се лути зошто нема дисциплинска против Атлетико туку само за Бејл

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртуа, кој е поранешен член на Атлетико Мадрид, на саботното градско дерби беше цел на домашните навивачи, тие го навредуваа со скандирање и транспаренти, фрлаа по него со метални парички, запалки и шишиња од кои едното стаклено, но не е покрената никаква дисциплинска постапка против Атлетико.

Казна во најава има само за фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, кој откако даде гол за 3-1, при прославата направи некултурен гест наменет кон домашните фанови, па може да добие забрана за настап на следните еден до три меча.

Во Реал се жалат на нееднаков третман и не разбираат зошто нема казна за Атлетико. Во Шпанската федерација добиле извештај само за фрлени топчиња, кои не придонеле прекин на средбата, па Атлетико може да мине само со казна од 3.000 евра и опомена за суспензија на теренот доколку се повтори прекршокот.

- Оглас -

Најнови вести