Реал се подготвува за прослава на титула, Барса ќе проба да ја расипе забавата, Sport Life нуди многу опции за обложување

Кошаркарскиот плејоф во Шпанија се ближи кон крајот, можеби уште вечерва ќе биде познат новиот шампион, ако Реал Мадрид дома ја победи Барселона во новото Ел Класико.

Кралскиот клуб доминираше завчера во третиот меч од финалната серија и поведе со 2-1, и му треба само уште еден триумф за 36-та титула во шпанската лига. Скапиот тим на Барса беше фаворит пред почетокот на финалето, но засега Реал е подобар во ова финале, како што беше подобар од Каталонците и во полуфиналето на Евролигата.

Обложувалниците Sport Life за вечерашниот меч во Мадрид кој почнува во 18 часот, подготвија интересна понуда, во која може да се обложите и на број на поени на 11 различни кошаркари.

Кога Реал победуваше, најефикасен поединец беше Габриел Дек, додека кога победи Барса, прв стрелец во победничкиот тим беше Никола Миротиќ. Ова се екипи во кои има многу квалитетни поединци кои може да се разиграат.

Доколку не сакате да се обложите на погодување на поени на поединци, тука се и бројните игри и комбинации за мечот. Може да се игра на конечен тип, на победа со хеникеп, исход на полувреме, двојна победа, вкупен број на поени, број на поени по тим, комбинација на конечен тип со број на поени, итн.

- Оглас -

Најнови вести