Реал секогаш губи на првиот меч по „The Best“

Ако и во 2019 година фудбалер на годиината биде играч на Реал Мадрид, бидете сигурни дека на првиот меч по церемонијата Кралевите ќе претрпат пораз.

Веќе трета година по ред, откако ФИФА ја доделува наградата „The Best“ за најдобар фудбалер на светот, пехарот го освојува фудбалер на Реал, најпрвин Кристијано Роналдо, сега и Лука Модриќ, но „фактурата“ ја плаќа клубот со губење бодови на првиот меч. Славеничката атмосфера ги опушта Мадриѓаните и тие по традиција губат.

Во јануари 2017, Роналдо беше прогласен за најдобар на светот, а шест дена подоцна, Реал на гости загуби од Севилја во првенствен меч. Историјата се повтори во октомври 2017. И тогаш честа ја доби Роналдо, а Реал претрпе пораз од Жирона. Сега, 48 часа откако Модриќ ја доби наградата,  Реал е надигран од Севилја. Можеби поради тоа што Модриќ, Рамос, Марсело и Куртуа беа заморени од патувањата до Лондон и назад, имаа само еден тренинг пред дуелот со опасната Севилја.

За Реал продолжи лошиот учинок во мечевите од Ла Лига кои се играат во текот на работна недела. Во минатата сезона, од 12 можни бодови на мечевите кои не се играа за викенд, Реал освои само четири.

- Оглас -

Најнови вести