Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, му се јавил на напаѓачот Душан Влаховиќ за да провери дали Србинот е заинтересиран за преселба од Јувентус во Кралскиот клуб од Мадрид.
Прва цел на Реал за засилување на нападот е Килијан Мбапе, но ако таа варијанта дефинитивно пропадне, клубот ќе треба да бара друг играч на кој ќе му го додели дресот со бројот 9.
Анчелоти бараше замена за Карим Бензема да дојде Хари Кејн, но од Реал го одбија предлогот со образложение дека Англичанецот е скап како за некој што има договор уште само една година, а и ако го купеа, ќе си ја затвореа вратата за ангажирање на Мбапе. Планот Б на Анчелоти е Влаховиќ.
Пред 20-тина дена се спомнуваше можност Реал да го добие Влаховиќ на позајмица од една сезона. Потоа немаше никакви информации и се мислеше дека и Србинот веќе не е во плановите на Реал, но изгледа дека не е баш така.