Реал сезонава може од Перес да направи најтрофеен претседател во клупската историја

Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт во среда ќе ги одмерат силите во Суперкупот на УЕФА на Oлимпискиот стадион во Хелсинки.

Дуелот ќе биде од посебно значење за претседателот на Кралевите, Флорентино Перес. Под негово раководство, клубот е на прагот да го освои 30-тиот трофеј, нормално доколку избраниците на Анчелоти го надиграат бундеслигашот.

Флорентино е втор најуспешен претседател во историјата на 14-кратниот европски првак. Пред него е само иконата „Сантијаго Бернабеу“, по кого е именуван култниот стадион на Реал.

Во неговата ера гигантот од Мадрид освоил 33 трофеи, бројка која Перес може да ја стигне во новата сезона бидејќи актуелниот европски шампион Реал со сигурност ќе атакува на сите фронта.

- Оглас -

Најнови вести