Реал Сосиедад убаво ќе се офајди од трансферот на Гриезман

Реал Сосиедад е сигурен добитник во преминот на Антоан Гриезман од Атлетико Мадрид во Барселона. Времето ќе покаже колку Атлетико ќе загуби и колку Барса ќе добие со овој трансфер, но баскискиот клуб е сигурен добитник.

Клубот од Сан Себастијан, добива 20 проценти од парите, а ако се знае дека обештетувањето кое го плати Барселона е 120 милиони евра, тогаш Сосиедад ќе добие 24 милиони. Ова значи дека Атлетико останува со помалку од 100 милиони. „Јорганџиите“ испратија соопштение и не го признаваат трансферот, бараат 200 милиони, колку што беше обештетувањето за Французинот, но пред 1 јули.

Гриезман во 2014 година дојде во Атлетико за 32 милиони, но во договорот имаше клаузула дека Реал добива 20 проценти од негов иден трансфер. Затоа сега на сметката на Реал Сосиедад ќе треба да легнат 24 милиони евра, пари кои се доволни да се покријат нивните пет засилувања кои ги договорија ова лето.

- Оглас -

Најнови вести