Реал тргнува во офанзива: 101 милиони за Рашфорд и Ериксен

Реал Мадрид уште отсега се подготвува да се расфрла со пари во следниот летен преоден рок. Веќе се одредени и фудбалерите кои треба да го засилат тимот, а според англиските медиуми, тоа се Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед и Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Главна задача на Флорентино Перес ќе биде да ги доведе овие двајца фудбалери, а за нив Реал наводно ќе издвои 101 милион евра. Имено, за услугите на Рашфорд, „кралевите“ ќе му понудат 56 милиони евра на Јунајтед, додека во таборот на Тотенхем треба да пристигне понуда вредна 45 милиони евра за услугите на Данецот.

Рашфорд и Ериксен треба да претставуваат замена за двајца клучни играчи на Реал, од кои едниот веќе си замина. Маркус е најавен како вистинскиот наследник на Кристијано Роналдо, додека Ериксен треба да ја пополни празнината која ќе ја остави Лука Модриќ, кој, најверојатно, ја игра последната сезона во дресот на актуелнито европски првак.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести