Реал цели на 11-та победа во низа против Севилја на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид – Севилја (16ч)

Кралевите им се враќаат на лигашките обврски по освоениот Суперкуп, а на „Бернабеу“ ќе го пречекаат тимот кого го победија во претходните 10 последователни средби на домашен терен. Реал цели на 11-ти триумф во низа против Севилја во рамки од шампионатот, серија која трае од 2010 година, две години пред последниот триумф на Андалузијците во Мадрид.

Во тие 10 победи во низа, Реал само еднаш славеше со минимални 1-0, додека во просек реализираат по речиси три гола на секоја од средбите. Се очекува ефикасен да биде и овој меч, со тоа што избраниците на Зинедин Зидан ќе ја остварат поставената цел и ќе продолжат да ја водат „мртвата трка“ со Барселона за врвот во Шпанија.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.28)

 

Арсенал – Шефилд јунајтед (16ч)

Фактот што Обамејанг нема да биде во составот за оваа средба е доволен проблем за тренерот Артета, но и без нивниот најдобар стрелец Топчиите ќе мора да ги освојат трите бода против Шефилд. Арсенал оствари само еден триумф во Премиер лигата откако Шпанецот почна да ги води, истиот го остварија против Манчестер јунајтед, а ремијата се со Кристал палас и Борнмут, додека поразот го претрпе од Челзи.

Сечилата се најпријатното изненадување во англиското првенство оваа сезона, стојат високо на шестото место на табелата иако им се предвидуваше битка за опстанок. Досега одзедоа доста бодови на поквалитетни екипи, а дури и ја добија првата пресметка со Топчиите при минимални 1-0.

Затоа Арсенал ќе сака да се реваншира, а со победа ќе може да направи подвиг на табелата во зависност од другите резултати.

Предлог тип: Т1 2+ (1.97)

 

Саутхемптон – Вулверхемптон (16ч)

Светците во изминатиов период го кренаа нивото на игра и наредија неколку добри резултати. Четири победи и реми во последните пет меча, вклучувајќи ги триумфите над Челзи, Тотенхем и Лестер е учинок кој не смее да се запостави. Рагник беше пред отказ, а сега го извади Саутхемптон од битката за опстанок до средина на табелата, па затоа и против Волците императив ќе им биде да ја одржат победничката атмосфера.

Шансите за такво нешто се големи ако се знае дека Вулверхемптон западна во криза и е без победа во претходните три првенствени дуели. На „Сент Мери“ последен пат славеа во 2008 година во лигашки рамки од Шампионат лигата, а имаат и триумф оф 2017 во Лига купот. Изминатите средби покажуваат дека денес треба да има голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

 

Лајпциг – Унион Берлин (18:30ч)

Стартот на вториот дел од сезоната во Бундеслигата треба да биде позитивен за Црвените бикови кои се актуелни лидери во првенството. Лајпциг како апсолутен фаворит против Унион ќе треба да го искористи вчерашниот пораз на Гладбах и да ја зголеми бодовната разлика.

Ако се земе во предвид првата овосезонска пресметка на овие две екипи, Лајпциг треба лесно да победи и како на гостувањето во Берлин, кога славеше со 4-0. Расниот голгетер Тимо Вернер исто така сака да ја продолжи битката со Левандовски за Златната копачка, така што негова цел ќе биде повеќекратно да ја затресе мрежата на противникот.

Предлог тип: 1 & 0-29мин. (2.15)

 

Наполи – Фиорентина (20:45ч)

За крајот на денешните Типстерски совети нудиме и еден дуел од Серија А, кој воедно може да биде најинтересен од денешната програма. Наполи на Елиф Елмас ќе ги вгости Виолетовите во мечот од 20-тото коло, во којшто присутните на „Сан Паоло“ очекуваат да се освои целион плен.

На Наполи и Гатузо итно им е потребна победа, срамота е актуелниот вицепрвак да се наоѓа на средина на табелата по 19 одиграни мечеви. Меѓутоа познато е низ каков период помина тимот и дека е потребно време да се воспостави контрола, па еве шанса да се тргне кон таа цел токму против Фиорентина.

Наполи како домаќин славеше во четири од претходните пет средби против тимот од Фиренца, учинок кој Наполитанците треба да го искористат како мотив дека и вечерва ќе издвојат позитивен резултат. И Фиорентина се мачи и има само една победа во последните пет кола, се чини дека така ќе остане и по вечерашниот дуел.

Предлог тип: 1X & 2-4 (1.78)

- Оглас -

Најнови вести