По комплетирање на осумте кола во групната фаза од Лига на шампиони, познати се 32-те екипи кои продолжуваат во нокаут фазата. Најдобрите осум играа директно во осминафиналето, а тие од 9 до 24 место ќе играат во 16-финалето.
Според тоа како завршија екипите од 9 до 24 место, познато е дека со 50 отсто шанси е да играат меѓусебе Бенфика и Реал Мадрид. Тоа се двете екипи кои вечерва одиграа анталогиски меч, по кој португалскиот гигант победи со 4:2 и на тој начин се најде на последното 24 место кое носи нокаутфаза, додека Реал Мадрид падна на деветата позиција и нема да оди директно во осминафиналето.
Реал сега ќе игра со Бенфика или со Бодо/Глимт. Јуентус во првата нокаут фаза ќе чека еден од Бриж и Галатасарај, додека ПСЖ за противник ќе го добие Карабах или Монако.
ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА КОСТУРОТ ЗА НОКАУТ ФАЗАТА ВО ЛШ


