Реал во јануари сигурно ќе го доведе Икарди

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди треба да биде играчот кој ќе ја пополни празнината по заминувањето на Кристијано Роналдо. Според шпанскиот весник „Ас“, Реал Мадрид до крајот на зимскиот преоден рок ќе го купи капитенот на Интер. Кралскиот клуб за овој трансфер ќе одвои 110 милиони евра.

По заминувањето на Роналдо од „Сантијаго Бернабеу“, Реал влезе во голгетерска криза. Карим Бензема е единствен класичен напаѓач, а тимот имаше период во кој не можеше да даде гол на неколку меча по ред. За да не се случи такво нешто во вториот дел од сезоната, кога и се играат најважните средби, Реал ќе го доведе Икарди.

Актуелниот договор на Икарди со Интер е до 2021 година, но доколку првиот човек на Реал, Флорентино Перес, се реши да го доведе, тоа е речиси сигурен трансфер и нема да му биде проблем да ги плати 110-те милиони евра колку што е доволно за активирање на клаузулата.

Аргентинскиот репрезентативец во Интер дојде во 2013 година, кога „нераѕурите“ платија само 13 милиони евра на Сампдорија. Сега неговата цена е речиси 100 милиони евра повисока, но Интер и покрај тоа, нема да сака да се откаже од играчот кој има постигнато над 120 погодоци за гигантот од „Џузепе Меаца“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести